ГОЛЕМ ФУДБАЛ - Програма за фудбалска едукација, ЗАПИШУВАЊЕ до 30 Септември
- М-р Нелко Нелковски
- Aug 21, 2017
- 1 min read
ФК „Даме Груев„ ја промовира својата програма ГОЛЕМ ФУДБАЛ. ГОЛЕМ ФУДБАЛ e едукативна понуда што овозможува високопрофесионално образование, тренинг и практикување на фудбалот според врвните светски стандарди. За младите на возраст од 4 до 19 години едукацијата ја спроведуваме во рамките на АКАДЕМИЈАТА ЗА ВРВЕН ФУДБАЛ, за професионалните фудбалери спроведуваме перманентни индивидуални сесии во рамките на програмата ПРОФЕСИОНАЛЕН ФУДБАЛСКИ РАЗВОЈ, додека пак за сите љубители на фудбалот нудиме можност за рекреативно практикување на голем фудбал во рамките на програмата ФУДБАЛСКО УЖИВАЊЕ. Детални информации можете да добиете на www.golemfudbal.com a програмата во PDF и ПРИЈАВАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ФУДБАЛЕР можете да ја симнете на овој ЛИНК. Одбери една од нашите програми и влези во софистицираниот свет на современиот фудбал „Ние уживаме во играта„
