ФК „Даме Груев„ - ФК „Шишево„ - 5:0
- М-р Нелко Нелковски
- Nov 2, 2015
- 1 min read
На сончево и топло време, идеално за фудбалска игра, ФК „Даме Груев„ - Скопје ја забележа својата прва победа во првата натпреварувачка сезона против ФК „Шишево„. Резултатот го отвори Додевски Бранко во петнаесетата минута, а во дваесет и втората истиот играч зголеми на 2:0. Во 35 минута на листата на стрелци се запша Ѓалевски Стефан. Во второто полувреме следеа и неколку измени во двете екипи. На 4:0 зголеми Китановски Андреј во 65 минута а конечниот резултат го постави Исламовиќ Султан во 78 минута. Беа доделени два жолти карторни поради неспортско однесување на играчите на ФК „Шишево„; Николовски Тони и Петровски Мартин. - Фотографии: Филип Бојковски

